Овчаров: Бугарите сфатија дека со Македонците треба со кротко, со убаво и со малку ќотек

t

Бугарскиот археолог Николај Овчаров мисли дека има формула за „превоспитување“ на „браќата“ отаде југозападната граница на Бугарија.

„Бугарите сфатија дека со Македонците, како рекол нивниот најголем Македонец, треба со кротко, со убаво и со малку ќотек. Во спротивно, ќе бидеме сведоци на демонстрации, палење бугарски знамиња итн.“, вели еден од говорниците на Националниот кружок „За Македонија“.

„Нашата посета на Стразбур во јуни требаше да биде почеток. Зимоска треба да направиме уште една посета. Сега разговаравме со неколку европратеници за повторна посета на Брисел, т.е. притисокот од НК ‘За Македонија’ да продолжи со нови податоци и со нови документи. Притисокот врз РСМ мора да продолжи од бугарска страна и во тој поглед местото на научниците е јасно“, додава еден од најгласните антимакедонци во Бугарија, повторувајќи ја пораката од насловот на првенците на ВМРО-БНД, екслидерот Красимир Каракачанов и сегашниот сопретседател и европратеник Ангел Џамбаски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски ќе настапи во…

Како што известуваат од неговиот тим, в…

(Видео) СТРАШНА БУРА ВО БУДВА: Ветер од…

Силен ветер и бура се забележани во…

Дуда: Ќе кренам железна завеса до небо…

Во своето обраќање до медиумите, Дуда истакна…

Грковска од Вашингтон: Со одолговлекување на членството…

За Македонија, како најнова членка на НАТО…