Огромен пораст на новозapaзени во Србија: Реистрирани 13.693 нови случаи, починале 22 пациенти

t

Во последните 24 часа во Србија 13.693 лица биле позитивни на коронавирус, а починале 22 пациенти од вкупно 37.402 тестирани лица. На респиратори се 86 пациенти.

Државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Ѓерлек, посочува дека состојбата во системот на Ковид е многу посериозна од пред две до три недели и дека има два параметри кои загрижуваат.


„Тоа е бројот на луѓе на респиратори и бројот на луѓе кои ги загубија животите. Ова не се алармантни податоци, но секако се загрижувачки“, рече Џерлек.
Потенцира дека притисокот врз здравствениот систем е голем и дека од болниците за КОВИД се преселил во клиники за КОВИД , каде се води тешка и сериозна борба против коронавирусот.
„Со добра организација се трудиме некако да излеземе во пресрет на сите пациенти, за што побрзо да ја добијат здравствената заштита што ја очекуваат“, посочува Џерлек.
Тој наведува дека само во понеделникот во Белград имало 8.000 прегледи, а во текот на ноќта уште 700.
„Затоа го зголемивме капацитетот на амбулантата за ковид, па само во Белград во моментов на терен имаме 195 екипи. Пред пет дена имаше околу 120 екипи. Ние секојдневно ја следиме ситуацијата и се обидуваме да организирај сервис“, објаснува Џерлек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров ќе ја посети Србија идниот месец

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров доаѓа во…

Над 100 новозаразени од ковид вчера

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…

Инвестициски бум во Србија: Мерцедес и Тојота…

Република Србија може да добие две нови…

Србија ги ограничи цените на прехранбените производи…

Владата на Република Србија на денешната седница…

Кличко: Како што Албанците се бореа против…

Во разговор за швајцарскиот весник „Ле кантон…