Одбрана ќе набавува осум нови хеликоптери, најавува Петровска

Министерството за одбрана ќе набавува нови повеќенаменски хеликоптери, најверојатно осум на број, кои ќе имаат првенствено транспортна улога, а не борбена, најави министерката Славјанка Петровска во гостувањето во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат. Стигнати се пет понуди од различни држави и компании, открива Петровска и додава дека во моментов се прави евалуација од страна на Интегриран проектен тим кој веќе во април треба да достави извештај до министерката. Намерата е леталата што ќе се купат да бидат повеќенаменски и освен за одбраната, да можат да се користат и за цивилната заштита и спасување.
За разлика од стандардните јавни набавки, оваа ќе се прави во договор влада со влада. Пари од буџетот ќе има и станува збор за повеќегодишна набавка, вели министерката. Ако дел од средствата треба да бидат исплатени оваа година, тоа ќе биде обезбедено, вели Петровска.
„Би сугерирала до Владата, државниот врв и Собранието (бидејќи во втора фаза тоа треба да се одобри и во Собрание) да се случи тоа што е можно побрзо, поради тоа што треба да го имаме предвид притисокот или ангажманот на сета воена индустрија во светот, со оглед на околностите во Украина, и, се разбира, затоа што треба да се погрижиме хеликоптерите кои ќе бидат предмет на таа набавка да ги имаме што е можно побрзо“, додава Петровска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одбрана ќе набавува осум нови хеликоптери, најавува…
Министерството за одбрана ќе набавува нови повеќенаменски…
Борел: Партнерството меѓу Русија и Кина има…
Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика…
Вучиќ: Целта во надворешната политика е да…
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во…
Ахмети го назначи Рафис Алити за кординатор…
Претседателот на Демократската унија за интеграција, во…
(Видео) Русија нема да застане: Ова е…
Русија нема да застане во Украина, сите…