Одложен судскиот процес против докторите кои извадија три органи од родилката од Дебар
Тројцата лекари од Струга, против кои Основното јавно обвинителство покрена обвинение за тешки дела против здравјето на луѓето, заедно со нивните адвокати денес не се појавија на главната расправа на почетокот од судскиот процес во Основниот суд во Струга, по што истиот беше одложен. За родилката од Дебар, Јилдиз Веаповска, на кој по извршениот царски рез и беа отстранети матката, јајник и еден бубрег, првообвинет е екс-директорот на струшката болница, Мухамед Асани.
„Не знам дали имаат совест, како прво што ми го направија тоа и што ме оставија без органи и две години да ја барам правдата и да дојдам по овие судски врати. Докторот се брани со тоа дека совеста му е чиста и дека тој ништо не направил, туку дека ми го спасил животот. Каков живот ми спасил, кога јас сум половина човек, јас сум без органи. И каква чесност има тој доктор. Тој како ќе ме погледне мене во лице“, рече Веаповска.
Јилдиз, вели дека сѐ уште живее со трауми.
„Не знам како да опишам, но на никој не би му посакала да го помине тоа низ што јас помнав. Некако се опоравувам со таблети, психички не сум добра, со болки. Некако од ден на ден да се преживее. Дај боже правдата да излезе на виделина тука во Македонија“, додава Веапоска.
Адвокатот на Јилдиз, очекува осудителна пресуда, а неговата клиентка да добие правда.
„Може они да одлагаат колку сакаат, но факт е дека судењето кога тогаш ќе почне, а кога ќе почне ќе се изведат сите докази кои се предложени од страна на ЈО, а судот ќе си ја донесе својата одлука. Максималната казна е до пет години“, рече адвокатот Јанев.
Во обвинителниот акт на ОЈО стои дека тројцата лекари при укажување лекарска помош предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба и оти при изведувањето на царски рез ја оштетиле левата бубрежна артерија.
Според Обвинението, со терапијата која и ја дале дополнително ја влошиле состојбата и задоцниле со реакцијата, поради што кај неа настанала огромна загуба на крв и западнала во состојба на шок. Заради неможноста да се реконструира бубрежната артерија, таа морала да се подврзе и да се отстрани левиот бубрег за да се спаси животот на оштетената.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Градоначалникот Хекуран Дука да ги остстрани фашистичките…
Левица бара градоначалникот на Дебар да ги…
„Голема Албанија“ и свастики на една од…
Графити со карти на „голема Албанија“ и…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…