Односите помеѓу Бугарија и Македонија во ќор-сокак

t

Познатиот бугарски драматург, поет и писател Стефан Цанев во интервју за новогодишното издание на софискиот весник „24 часа“ ги коментираше процесите во Бугарија во изминатата 2021 година.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Цанев, кој е познат интелектуалец со својата граѓанска позиција, вели дека бугарскиот претседател Румен Радев постигнал сè што сакал и не случајно пропаднале 45. и 46. Собрание на државата и не можело да се избере функционална влада.


Коментирајќи ги бугарско-македонските односи, Цанев вели дека ситуацијата меѓу двете соседни земји е во ќорсокак.

„Бугарија, за да ја пушти Република Македонија во Европската Унија, бара Скопје да престане со говорот на омраза, а бидејќи Софија не ги пушта во Европската Унија, Скопје уште повеќе ја замрази, што, пак, ја принуди Бугарија уште покатегорично да не дозволи влез, а тоа според Цанев направило Скопје уште повеќе да ја мрази Софија, а тоа, пак направило Бугарија да го стори истото… и т.н. и т.н“, вели Цанев.

Како драматург, Цанев во интервјуто, вели дека гледа корисен излез од овој ќор-сокак и доколку премиерот на Бугарија го праша, тој ќе му каже.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ова е жената за која е напишана…

Украинскиот бенд „Калуш оркестра“ победи на Евровизија…

Младо македонско девојче загина на работно место…

Дваесетидвегодишна девојка од Македонија загина во несреќен…

Дел од школите во Србија ќе преминат…

За да се заврши успешно школската година…

Џамбаски: САД и ЕУ да ја притиснат…

„Притисокот врз Бугарија доаѓа од западните земји…

Во Триполи повторно дојде до судири откако…

Во Триполи денеска повторно дојде до судири…