Одрон на регионалниот пат Штип-Неготино

Одрон на регионалниот пат Штип-Неготино, на планината Серта утринава е забележан од страна на возачи, кои преку социјалните мрежи предупредуваат на внимателно возење на оваа делница.
Сообраќајот го попречуваат две големи карпи на коловозот. Никола Рунчев, одговорен за патишта во регионална подружница на ЈП „Македонија пат“ вели дека одроните, кои се на територија на Општина Штип се чистат од коловозот од страна на екипата, а на останатиот дел се нивните колеги од Неготино.
Екипа на ЈП „Македонија пат“ веќе е на терен да ги отстрани карпите. Посочува дека зимската служба на овој пат, врши обиколка во периодот од 4.00 до 6.00 часот наутро и попладнето по 18 часот. Во моментов екипа на ЈП „Македонија пат“ работи на отсранувањето на одронот, воедно се апелира на возачите внимателно да возат на овој патен правец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Вие го запаливте пламенот спремете се за…
Вечерва во Штип се одржа марш. Младите…
(Видео) Мирен марш во Штип во чест…
Штипјани и вечерва во огромен број се…
Седум локации – МВР забрани да се…
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…
Забрана за користење дронови на територијата на…
Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) вовела забрана…
Тепачка помеѓу лекари во операциона сала во…
СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Ш.(65)…