Од Вардар се пофалија: Ги продадовме речиси сите билети за неделното дерби

Од шампионот на Македонија информираат дека за неделното дерби со Еурофарм Пелистер во слободна продажба се останати уште 1000 билети. Се очекува истите до вечер или утре да бидат продадени по што ќе бидат исполнети трибините во СЦ „Јане Сандански“ во мечот за титулата во ракометниот шампионат.
Да напоменеме дека билетите за ,,Комитите” ќе се продаваат пред самиот натпревар и тоа по симболична цена од 100 денари. Се очекуваат преку 1000 Комити на својата трибина.
И двете екипи досега се перфектни во плеј-офот, имаат по четири победи на исто толку средби. Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се игра во недела од 18:00 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од Вардар се пофалија: Ги продадовме речиси…
Од шампионот на Македонија информираат дека за…
ФФМ им се заблагодари на навивачите за…
Фудбалската Федерација на Македонија предмалку преку социјалните…
СТУДЕНТИТЕ ГО КРЕВААТ ГЛАСОТ: Излегуваат на масовен…
Државата како да нема слух за барањата…
Јандриоски до двете најголеми партии во Македонија:…
Фејсбук статус на Кристиан Јандриоски: Советниците на…
Пригожин одговори: Не заминувам од Украина, не…
Членовите на групата „Вагнер“ немаат намера да…