Од Вардар се пофалија: Ги продадовме речиси сите билети за неделното дерби

Од шампионот на Македонија информираат дека за неделното дерби со Еурофарм Пелистер во слободна продажба се останати уште 1000 билети. Се очекува истите до вечер или утре да бидат продадени по што ќе бидат исполнети трибините во СЦ „Јане Сандански“ во мечот за титулата во ракометниот шампионат.
Да напоменеме дека билетите за ,,Комитите” ќе се продаваат пред самиот натпревар и тоа по симболична цена од 100 денари. Се очекуваат преку 1000 Комити на својата трибина.
И двете екипи досега се перфектни во плеј-офот, имаат по четири победи на исто толку средби. Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се игра во недела од 18:00 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски експерт прашува: Ѝ подготвува ли САД…
Западот подготвува државен удар во Грузија со…
Ќе влеземе заедно? Мишел: Украина може да…
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави…
Рама: Конфликтите во Косово се од интерес…
Албанскиот премиер Еди Рама изјави за британскиот…
Спасовски: Мицкоски не знае како е да…
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва…
(Видео) Димовска и Трајковски пукаа шампањ кога…
Кога почна бомбардирањето на Белград од страна…