Од денеска, секоја прва среда во месецот ќе се организира отворен ден со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопјe

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија денеска во просториите на Град Скопје во објектот – барака 1, во период од 16 – 18 часот организира отворен ден за заинтересирани граѓани и здруженија.
Отворен ден со советничката група ќе се организира секоја прва среда во месецот почнувајќи од месец март, каде граѓаните ќе може со советниците отворено да разговараат и да ги предочат нивните, проблеми, потреби и предлог решенија кои ги имаат, а се однесуваат на делокругот на работа на Град Скопје и јавните претпријатија.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ преку отворените денови сака да ја приближи работата на градот до граѓаните.
Скопјани ќе можат своите предлози и сугестии да ги пратат и по електронски пат на: [email protected].
ВМРО-ДПМНЕ на дело спроведува нови политики и отворен пристап на институциите кон граѓаните. Институциите постојат за граѓаните и затоа ќе бидат отворени, а именуваните и избрани функционери достапни за комуникација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: ОЈО да отвори постапка, РЕК Битола…
РЕК Битола веќе неколку дена е во…
Финансии не дава согласност за негувателки во…
,,Министерството за финансии цел месец не дава…
Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа
Бидејќи и вака се пласира од страна…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
СДСМ: Мицкоски да каже за парите од…
Кога наместо да деде одговор на конкретно…