Од СДСМ велат Касами е изгубен во просторот

Од владејачката партија СДСМ, денеска реагираа на националистичките изјави на Билал Касами кој го нарече Тетово главен град на Албанците во Македонија.
Од локалниот огранок на СДСМ во Тетово му порачаа на Касами дека „нема ориентација во просторот“.
„Недостојно е за еден градоначалник кој својата плата ја зема од парите на тетовчани, кои се и Македонци и Албанци и Турци и Срби, Роми и останати, да споделува вакви ставови фаворизирајќи една етничка група. Да го потсетиме градоначалникот Касами дека на таа функција дојде благодарение на поддршката која му ја даде ВМРО-ДПМНЕ, односно со помош на македонските гласови. Очекуваме и неговиот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ да излезе со осуда на ваквите ставови на нивниот градоначалник“, велат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
19-годишник силувал малолетно девојче од тетовско
Деветнаесетгодишно момче од селото Крушопек, Скопско е…
Не било главен град, центар било: Касами…
Тетовскиот градоначалник Билал Касами се огласи во…
Од СДСМ велат Касами е изгубен во…
Од владејачката партија СДСМ, денеска реагираа на…
Апасиев: СДСМ пропаѓа, тоа ми се допаѓа
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, уште еднаш…
Тетовци се испотепале заради недоразбирање во сообраќајот
На 22.03.2023 во 06:30 часот во СВР…