Од што ќе живеат тие луѓе? 27.167 работници уште не земале мајска плата!

t

Мајската плата се уште ја чекаат 27.167 работници во 16.645 фирми. Овие бројки произлего од изјавата на директората на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска која изрази жалење што мора да соопштува големи бројки во однос на работниците кои не земале плата.

– За мај се прифатени, а не платени МПИН пресметки од 6.250 работодавачи за 16.722 работници. Исто така, за мај има неподнесени 5.211 МПИН пресметки за 10.935 работници – рече Лукаревска.

Таа објасни дека за поднесување на МПИН пресметки за плата има законски рок и доколку не се испочитува тој рок селди опомена од УЈП во која исто така е даден рок, по кој УЈП ја блокира сметката.

– Го информираме и Државниот инспекторат за труд за навремени, координирани контроли и вече ја доставивме кллистат со овие компании, а имаме доставено и решение за неподнесена МПИН пресметка . Тие можности се во наша надлежност – рече Лукаревска.

Таа информира дека според податоците за парил пак, има прифатени и неплатени МПИН пресметки од 2.402 работодавачи за 5.385 работници, додека 4.721 работодавач, воопшто не поднел пресмета за плата за 7.098 работници.

– Дел од работодавачите се повторуваат во различни месеци, но тоа не занчи дека тоа го прават намерно, можно е да немаат ликвидност за да исплатуваат плати – појасни Лукаревска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Балканците пакуваат куфери: Германија очајно бара работници

Без разлика дали се работи за индустрија,…

ССМ: За минимум нормален живот на едно…

Владата да донесе одлука за зголемување на…

Статистиката ја побива Владата: Реалната плата е…

Просечната нето-плата во мај достигна 31.407 денари,…

Од што ќе живеат тие луѓе? 27.167…

Мајската плата се уште ја чекаат 27.167…

ССМ до пратениците: Ќе блокираме се додека…

Во знак на револт и поддршка на…