Објавено на:

ОН: Војната во Украина може да поттикне зголемено нелегално производство на дрога

t

Војната во Украина би можела да доведе до зголемување на нелегалното производство на дрога, додека иднината на пазарот на опиум зависи од кризата во Авганистан, предупредија Обединетите нации.

Досегашното искуство од Блискиот исток и Југоисточна Азија сугерира дека конфликтните зони можат да дејствуваат како „магнет“ за производство на синтетички дроги, кои можат да се произведуваат насекаде, објави Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал во својот годишен извештај.

„Овој ефект може да биде поголем кога конфликтната област е во близина на големите пазари за широка потрошувачка“, се вели во извештајот.

ОН велат дека бројот на укинати лаборатории за амфетамини во Украина се зголемил од 17 во 2019 година на 79 во 2020 година, што е најголем број во која било земја во 2020 година.

Капацитетот на Украина за производство на синтетички дроги може да расте како што војната продолжува, се додава во извештајот.

„Немате полиција да оди наоколу и да затвора лаборатории во конфликтните зони“.

Извештајот, исто така, истакна дека конфликтот може да ги промени и да ги наруши патиштата за шверц на дрога, со укажување дека трговијата во Украина е намалена од почетокот на 2022 година.

Ситуацијата во Авганистан, пак, кој произведе 86 отсто од светскиот опиум во 2021 година ќе го обликува развојот на пазарот на опијати, се додава во извештајот на ОН.

Се вели дека хуманитарната криза во земјата може да го поттикне нелегалното одгледување афион, дури и откако талибанските власти ја забранија оваа практика во април.

„Промените во производството на опиум во Авганистан ќе имаат импликации на пазарите на опијати во речиси сите региони во светот“, велат од ОН.

Се проценува дека 284 милиони луѓе користеле дрога во 2021 година, или еден на секои 18 луѓе ширум светот, на возраст меѓу 15 и 64 години, покажа извештајот.

Бројката беше за 26 проценти повисока отколку во 2010 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина заработила скоро 20 милиони долари од…

Володимир Кудрики, шеф на украинската Укренерго, изјави…

(Видео) Мицкоски го продаде кучата: Oдби да…

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување…

Расната дискриминација е против вредностите на ЕУ,…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Естонија ќе предложи на Русите да им…

Естонија ќе предложи да ги блокира Русите…

Ковачевски: Ги започнавме преговорите со чист македонски…

Преговорите за полноправно членство со ЕУ ги…