Објавено на:

ОН предупредуваат: Сирија повторно е на раб на ескалација и војна

t

Долготрајната војна во Сирија се заканува повторно да ескалира откако во последните месеци се разгореа судирите на неколку линии на фронтот низ земјата, предупредија денеска од Обединетите нации.

„Сирија не може да си дозволи нови борби од големи размери, но тоа е насоката во која може да се движи оваа земја“, рече Пауло Серџо Пинеиро, претседател на комисијата на ОН за Сирија, пишува “Ројтерс”.

Се вели дека стотици илјади луѓе загинале, а милиони останале без покрив над главата, откако протестите против претседателот Башар ал Асад во 2011 година се претворија во граѓанска војна која привлече странски сили.

Се потсетува дека борбите стивнаа во последниве години откако Иран и Русија му помогнаа на Асад да врати 70 отсто од територијата на Сирија, САД ги поддржаа курдските борци кои ја поразија Исламската држава, додека Турција постави тампон зона во близина на нејзината граница.

Сепак, Обединетите нации соопштија дека линиите на поделба меѓу различните области сега повторно почнуваат да се вжештуваат.

„Во еден момент имавме идеја дека војната во Сирија е целосно завршена“, рече Пињеро, додавајќи дека инцидентите документирани во извештајот докажуваат дека тоа не е така, пренесе “Танјуг”.

Извештајот од 50 страници потврдува дека бројот на „сериозни прекршувања на основните човекови права и хуманитарното право“ се зголемил низ целата земја во првите шест месеци од оваа година.

Десетици цивили загинаа во борбите и воздушните бомбардирања во североисточниот и северозападниот дел на земјата, додека жителите таму имаа ограничен пристап до храна и вода, според извештајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД и Русија ќе ја убедуваат Турција…

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин вчера…

Турците убиле 184 терористи во Ирак и…

Турските оружени сили убиле 184 терористи во…

(Видео) Турција започна нова операција на северот…

Турското Министерство за одбрана соопшти дека уништило…

Израелски авиони ја нападнаа Сирија! Има загинати!

Четворица војници загинале, а еден е ранет…

Со ракети нападната американска воена база во…

Неидентификувани напаѓачи истрелале проектил врз воен комплекс…