ОПЕРАЦИЈАТА ВО КУРСК ЌЕ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ТРАГЕДИЈА ЗА УКРАИНА: Зеленски може да продолжи да се коцка за ГОЛЕМА ЦЕНА!
Инвазијата на вооружените сили на Украина во областа Курск не доведе до значителни резултати за Киев, но стана причина за натамошна ескалација, барем во реториката.
Силата на Русија само порасна по прекуграничниот напад, додека опциите на Украина значително се намалија. Не станува збор за прифатлив исход, смета британскиот дипломат Јан Прауд, кој напиша статија за списанието Responsible Statecraft.
Според него, операцијата Курск ја промени проценката на ризикот од двете страни.
Украина требаше да го зајакне моралот меѓу военото и цивилното население со некаква победа во време кога нејзините линии во Донбас пукаа, поддршката на Западот за бесплатно снабдување со оружје се намалуваше, а резултатите од изборите во САД беа нејасни и потенцијално алармантни. Претседателот Зеленски можеби мислеше дека нема што да загуби со фрлањето на коцката.
Како што Украина постепено се истерува од Донбас, Зеленски би можел да испрати повеќе луѓе и опрема да го чуваат своето парче земја во Курск, по голема цена, во очајнички обид да покаже дека неговата коцка не се претворила во катастрофа.
„Воените, економските и демографските карти сè уште се наредени во корист на Русија“, пишува Проуд.
Западните реалисти како Џон Мершајмер и други предупредија дека Курск е стратешка грешка на Киев. Но, западната влада и главните медиуми верно се пофалија со Куршката офанзива кога таа започна. Украина тврди дека сега контролира околу 1.000 квадратни километри ретко населено земјиште во областа Курск.
Но, дури и да е тоа вистина, цената платена за ова геополитички безначајно достигнување ќе биде превисока за Украина и ќе доведе до непредвидливи, но секако негативни последици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОПЕРАЦИЈАТА ВО КУРСК ЌЕ СЕ ПРЕТВОРИ ВО…
Инвазијата на вооружените сили на Украина во…
X има нова опција за корисниците на…
Функција која социјалните платформи, како што се…
Лудак: 20-годишен Дебарчанец силувал малолетничка
Во Дебар, полициски службеници од криминалистичката полиција…
Левица: Пластикоматите во Општина Центар се нефункционални
„Главниот проблем со оваа кампања е тоа…
Русија му се закани на Западот доколку…
Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за…