Определен 30 дневен притвор за двајца осомничени за убиството на ракометарот Тот, по едно лице се трага

t

На 22-годишниот А.К. и 19-годишната К.Л, кои се осомничени за убиство на хрватскиот ракометар ДенисТот им е определен 30 дневен притвор, поради опасност од бегство и влијание и попречување на истрагата. По 28-годишниот А. Ѓ., кој е првоосомничен за смртното претепување на ракометарот полицијата се уште трага.

Додека МВР го бара првоосомничениот, министерството за здравство ќе утврдува евентуални пропусти при приемот и третманот на младиот ракометар, особено по првичната информација од Карил, дека по приемот на Тот на Клиниката, кај него немало видливи траги на насилство.


„ Две екипи од државниот здравствен ои санитарен инспекторат спроведуваат вонреден инспекциски надзор во Итната помош, Ургентниот центар и КАРИЛ … Тие го проверуваат текот на постапката за прифќање и третманот на сега починатиот ракоментар Денис ТОТ. Надзор веќе од утре ќе сеспроведе и во Судска медицина.. “

Со соопштение за оваа трагедија се огласија од КАРИЛ. Од Клиниката ги осудија сите шпекулации во јавноста поврзани со транспарентноста за трагичната смрт на ракометарот и велат дека Тот бил примен утрото на 7ми април во Ургентниот центар без срцева акција, но и без видливи повреди. Дежурните лекари по получасовните обиди за реанимација воспоставиле срцева акција и направиле компјутерска томографија на целото тело.

„ Глобалниот оток на мозокот што е констатиран на томографијата може да биде од повеќе различни причини, а една од нив е недостатокот на кислород во мозокот и враќањето во живот кое траело половина час. Телото без видливи надворешни знаци на насилство и поради нејаснотии за причината за смртта беше предадено на Институтот за судска медицина за да се направи обдукција и да се расветли причината зошто настанал прекин на работата на срцето и што е точно причината за глобалниот едем на мозокот и смртта.“

За оваа трагедија првичните информации пред два дена од хрватските медиуми беа дека Тот бил претепан пред дискотеката „Привилиџ“ во градскиот парк, а потоа и однесен во болница. Кратко потоа од КАРИЛ кажаа дека кај ракометарот немало знаци на насилство, што беше наведено и во официјалното сооштение на МВР. Но, по извршената обдукција, Јавното обвинителство вчера соопшти дека тројцата осомничениго удирале Тот со боксови и клоци по што паднал на асфалтот и удрил со задниот дел од главата и загубил свест.Тројцата, иако тој бил во бессознание продлжиле да го удираат, а потоа без да му помогнат побегнале.

Според информациите од лекарите што го примиле сега починатиот, Тот имал престанок на работата на срцето, масивен оток на мозокот, пресечен јазик и висока телесна температура, соопштија од обвинителството.

Извор: Канал5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот ја одби гаранцијата: Зеќири останува во…

Поранешниот владин генерален секретар Мухамед Зеќири денеска…

Судот ја одби жалбата – Мухамед Зекири…

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири, кој…

Определен 30 дневен притвор за двајца осомничени…

На 22-годишниот А.К. и 19-годишната К.Л, кои…

Адвокатот на Зекири поднесе жалба за определената…

Александар Трајковски, адвокатот на генералниот секретар на…

(Видео) Судот одреди притвор за Зекири: Со…

Судот одреди мерка притвор за се уште…