Општина Кисела Вода: Приемен ден на градоначалникот Ѓорѓиевски за преку 30 граѓани

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, денес одржува приемен ден за преку 30 жители на општина Кисела Вода.
Со цел да им се излезе во пресрет на што повеќе лица за решавање на нивните проблеми, а и да се слушнат сите забелешки, сугестии и идеи што треба да го подобрат секојдневното живеење, средбата се одржува саботно, кога граѓаните имаат повеќе слободно време. Градоначалникот Ѓорѓиевски, директно со жителите разговара околу можните решенија за проблемите што ги засегаат.
Се дискутира и околу проектите кои се зацртани во неговата програма, а значат директен одговор на нивните барања и потреби. Ваквите непосредни средби со жителите во нивната Општина, се корисни и за нив и за Општината, поради можноста за изворно информирање за проблемите, а со тоа и побрза реакција и решавање на истите. Приемните денови кои секојдневно се одвиваат ќе продолжат со несмалена динамика. Истите се закажуваат на телефон 02/2785-401, каде граѓаните се информираат за датумот и времето на средбата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат…
Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него:…
Во петок наутро посебен режим на патот…
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните…
По четири и пол години, една држава…
Претседателката на Косово Вјоса Османи денеска соопшти…
Јаневска од „Кој е следен?“: Немаме врска…
Милена Јаневска од граѓанското движење „Кој е…
Прегазен пешак во Чаир – Сообраќајна несреќа…
Пешак е прегазен и повреден во сообраќајна…