Орбан го кани Нетанјаху: Дојдете во Унгарија, гарантирам дека нема да Ве уапсиме
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ќе го покани израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја посети Унгарија, велејќи дека ќе гарантира дека налогот за апсење на Нетанјаху на Меѓународниот кривичен суд „нема да се почитува“, јавува Ројтерс.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) вчера издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен шеф на одбраната, како и лидерот на Хамас, Ибрахим Ал-Масри, за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во конфликтот во Газа.
Орбан, чија земја претседава шестмесечно со Европската унија, изјави за државното радио дека налогот за апсење на МКС е „погрешен“ и рече дека израелскиот лидер ќе може да води преговори во Унгарија „со соодветна безбедност“.
„Денеска ќе го поканам премиерот на Израел, г-дин Нетанјаху, да ја посети Унгарија и во таа покана ќе му гарантирам дека, доколку дојде, пресудата на МКС нема да има ефект во Унгарија и нема да ја следиме нејзината содржина. – изјави Орбан.
Откако Орбан и неговата националистичка партија Фидес дојдоа на власт во 2010 година, тој и Нетанјаху создадоа блиски политички односи, наведува британската агенција.
Нетанјаху ја посети Будимпешта во 2017 година.
Според последните податоци од палестински медицински извори, 44.000 луѓе загинале во Газа од почетокот на израелската инвазија по инвазијата на израелска територија од страна на Хамас на 7 октомври минатата година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан го кани Нетанјаху: Дојдете во Унгарија,…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ќе…
Кина ни ги укина визите
Кина најави дека ќе го прошири безвизниот…
Ни секој петти во Македонија нема каде…
Само 18 проценти од македонското население ќе…
Пленковиќ за налозите за апсење од МКС:…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека не…
Рама: Албанија размислува за целосна забрана на…
По крвавиот настан, во кој беше усмртено…