Орбан: Се ближи крај на либералната западна хегемонија

Оваа година може да биде крајот на западната либерална хегемонија, бидејќи светскиот поредок изграден врз неа се распадна, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Оваа година, ако даде Господ, можеме да ставиме крај на неславната ера на западната хегемонија. Можеме да го заокружиме светскиот поредок изграден врз прогресивна либерална хегемонија. Прогресивниот либерален светски дух е соборен. Тој донесе војна, хаос, немири и уништи економии во светот“, рече Орбан на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (CPAC) во Будимпешта.
Орбан оцени дека прогресивните либерали се чувствуваат загрозени, но во исто време и понатаму се на власт и дека се „опасни противници, решени да направат сè, не бегаат од ништо и немаат морални грижи“.
Унгарскиот премиер посочи дека на изборите за Европскиот парламент постои шанса суверено ориентираните политичари да бидат заменети со „оние лидери кои всушност не се лидери“, туку се ангажирани во изградбата на „хегемонско-идеолошка контрола на што секој мора да го почитува, претворајќи ги државните органи во инструменти за угнетување на народот во Европа“.
Како примери на притисок од „либералниот мејнстрим“, Орбан ги наведе обидите за откажување на конзервативната конференција во Брисел минатата недела, судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, прогонот на десничарските политички партии од страна на германските разузнавачки служби, обидите да се забрани активностите на новинарот Такер Карлсон во Европа и прогонството на финскиот политичар и свештеник поради цитирање на Евангелието.
„Нека дојде повторно ерата на суверенизмот, да ја направиме Америка повторно голема. Да ја направиме Европа повторно голема“, заклучил Орбан, пренесува РТ Балкан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БОМБА од Запад! Лондон, Париз, Вашингтон и…
Велика Британија, Франција, САД, а сега и…
Пронајден е Виктор од Младо Нагоричане
В.Н.(41) од Куманово кој завечера беше пријавен…
Орбан: На барање на Унгарија создадена иницијатива…
Групата „Пријатели на мирот“ на земји од…
Oрбан: Унгарија нема да прима мигранти
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено…
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од…