Објавено на:

Орце Ѓорѓиевски: Градежна офанзива во Кисела Вода – ги решаваме децениските проблеми на жителите!

t

Ги решаваме сите пристапни, споредни улици во населба Драчево.

Паралелно, во изминатиов период работиме и во Црниче и во Пржино.


„Рилски Конгрес” добива целосна реконструкција.

Интензивно се работи на промена и на атмосферска канализација на ,,Св. Наум Охридски” во Црниче.

Следува градежна офанзива, а истата ја започнуваме и со градот Скопје, кој вложува сериозни суми на пари во подобрување на условите за живеење на жителите на општина Кисела Вода.

Темелната реконструкција на улицата ,,Славка Динкова”,, заедно со проектот за “Димо Хаџи-Димов”, ќе чинат преку 100 милиони денари.

Дополнително, над 200 милиони денари чини реконструкцијата на булеварот ,,Борис Трајковски”, која активно тече.

Во напредна фаза е и проектот за реконструкција на ,,Живко Фирфов”, а претстојниот период ќе биде одбележен и со низа капитални проекти од страна на Општина Кисела Вода.

Во моментов, ќе ги издвојам асфалтирањето на сите улици низ Пржино, изградба на водоснабдителен систем во населбата Каменик и изградба на повеќе паркови, за што јавноста ќе биде дополнително известена.

На мое големо задоволство, граѓаните после 30 години ќе добијат достојни услови за живот, она што им недостасуваше со години наназад, во оваа година ќе успееме да го надминеме, напиша градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на фејсбук профилот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан предупредува: Европа ќе има тешка зима,…

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан денеска во…

(Фото) Партијата на Каракачанов протестира против кревање…

Во Кресна најавен е широк национален протест…

Руската армија уништи голема залиха на американско…

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека…

Oрбан: Санкциите кон Русија се еднакви на…

Целиот свет го чека многу тешка зима,…

Појава на мајмунска сипаница во Европа: Открина…

Иако има мали шанси дека мајмунските сипаници…