Објавено на:

ОСЛОБОДЕНИ НАД 5.000 ЗАТВОРЕНИЦИ КОИ СЕ БОРЕА ЗА ВАГНЕР: Само 0,31 отсто од нив пак ќе прибегнат кон криминал?

t

Платениците од Вагнер се бореле во Либија, Сирија, Централноафриканската Република и во Мали. Тие самите се сметаат за најтврдокорната платеничка група во светот.

Повеќе од 5.000 поранешни криминалци се помилувани по завршувањето на нивните договори за борба во руската платеничка група Вагнер против Украина, изјави во саботата основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин на Телеграм, јавува Ројтерс. Тој тврди дека само 0,31 процент од оние кои биле помилувани продолжиле да се занимаваат со криминал, што, според него е 10 до 20 пати помалку од стандардните статистики за помилувани затвореници.

Познато е дека Пригожин и за време на мобилизацијата во Русија им вети на многу затвореници дека ќе бидат ослободени ако земат учество во војната.

Пригожин, наречен и „готвачот на Путин“ самиот одлежал девет години затвор во советско време за грабеж и за други злосторства пред да започне бизнис во 1990-тите.

Тој неодамна призна дека се мешал во изборите во САД и за првпат ја призна својата улога во основањето на Вагнер. Ставен беше на листата на санкции на САД. Неговата мајка, Виолета Пригожина, ги избегна санкциите.

Платениците од Вагнер се бореле во Либија, Сирија, Централноафриканската Република и во Мали. Тие самите се сметаат за најтврдокорната платеничка група во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСЛОБОДЕНИ НАД 5.000 ЗАТВОРЕНИЦИ КОИ СЕ БОРЕА…

Платениците од Вагнер се бореле во Либија,…

СТОЛТЕНБЕРГ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ ЖЕНА? Главните кандидати…

Идниот човек на таа позиција мора да…

Киев: Кремљ ја зеде Белорусија за нуклеарен…

Русија ја зеде Белорусија за „нуклеарен заложник“,…

На денешен ден двајца македонски патриоти од…

Неколку настани се запишани во македонската понова…

Груевски за загубите на ГТЦ: Оддамна не…

Поранешниот премиер Никола Груевски со нов статус…