Османи бара да се сменат членовите од бугарска страна во Комисијата за историја

t

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за утринската програма на бугарската телевизија БТВ рече дека во македонската комисија од мешовитиот комитет до сега се променети двајца историчари, а од бугарската страна ниту еден.

За шефот на македонската дипломатија би било добра идеја за преговорите меѓу Софија и Скопје, доколку и Бугарија, како и Македонија, направи измени во составот на Мешовитата комисија за историски прашања.


„Во време кога климата се влошува, а историчарите губат храброст и се трудат да не ги попречуваат политичарите, во овие повеќе од две години, можеме да направиме анализа на досегашното искуство, без да земеме конкретен пример. Досега сменивме двајца претставници во Комисијата, Бугарија нема промена во составот, можеби треба да има корист од нашето искуство, но јас не прејудицирам таков чекор“, рече Османи во интервјуто.

Ова тој го прелдожува една недела по посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје и еден ден пред посетата на делегација од Македонија на Бугарија, при што во Софија двете влади ќе имаат заедничка седница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

70 протерани дипломати од руската амбасада во…

Два авиони на Руската Федерација денеска во…

Мала група Бугари протестираа пред француската амбасада…

Додека во Македонија река од народ протестираше…

Бориславова: Во Бугарија има политичари кои земаат…

Бугарските безбедносни служби имаат информации дека нашите…

Грчки “Катимерини” ја сожали Бугарија: Земјата е…

Нашиот сосед Бугарија е заглавена во бескрајна…