Османи бара одговорност за нападот на болницата во Газа

t

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи го осуди синоќешниот напад врз училиште и болница во појасот Газа.  Тој посочи дека ваквото гранатирање со стотици цивилни жртви е нехуман чин на терор за кој нема оправдување.

-Почитување на меѓународното и хуманитарно право е приоритет, а цивилите мора да бидат целосно заштитени по секоја цена. Сторителите на овој чин мора да бидат јасно идентификувани и да одговараат, објави Османи на социјалните мрежи.

Министерството за здравство на палестинското движење Хамас, кое владее во Газа, соопшти дека „во израелскиот напад“ на периметарот на болницата во градот Газа, загинале околу 500 луѓе и дека уште многу се под урнатините.

Израелската армија во вторникот вечерта соопшти дека не е одговорна за експлозијата во болницата, туку дека болницата била погодена од палестинска ракета испукана по грешка и вината ја препишале на организацијата Исламски џихад.

По овој напад, либанскиот Хезболах повика на „ден на гневот“. Исто така, протести се одржаа во повеќе земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Репортери без граници“: Годинава се убиени 54…

Најмалку 54 новинари се убиени оваа година…

ОН ја прекина испораката на помош за…

Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци…

Галант: Нема причина армијата да остане во…

Јоав Галант, сменетиот министер за одбрана на…

Бајден: Војната во Газа мора да престане

Војната во Газа мора да престане, изјави…

По ликвидацијата на Синвар, ЕУ гледа можност…

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер…