Османи до Кравињо: Сега во ЕУ ќе имате можност да го слушнете и македонскиот јазик

t

Ние имаме долгогодишни односи, меѓутоа сè уште не знам македонски. Ако ги зајакнеме и интензивираме односите можеби и ќе научам македонски, рече португалскиот министер за надворешни работи, Гомес Кравињо заблагодарувајќи им се на преведувачките на денешната заедничка прес-конференција во Скопје со шефот на нашата дипломатија, Бујар Османи.

„Сега во ЕУ ќе имате можност да го слушнете и јазикот“, му реплицираше Османи.

Во однос на јазикот, шефот на дипломатијата одговараше и на новинарски прашања за унилатералната изјава што Македонија ја достави до ЕУ на првата меѓувладина конференција на 19 јули, за што рече дека таквата изјава е дел од францускиот предлог, а претходно била предвидена и со португалскиот и со германскиот. Тој потсети дека бугарската страна своја изјава за македонскиот јазик има испратено уште пред пет години до Обединетите нации по потпишувањето на Преспанскиот договор.

„Унилатерална нота за јазикот Република Бугарија има испратено уште во 2018 година, веднаш по потпишување на Преспанскиот договор штом се запиша во картата на ОН македонски јазик согласно преспанскиот договор, Бугарија испрати унилатерална нота со иста содржина. За жал, тогаш не беше претставена на јавноста, и јавноста не знае дека тоа веќе се случило уште пред пет години за сите држави членки на ОН. Сега се прави и до ЕУ, нота која веќе е испратена во ОН во 2018 која нема никакво правно значење бидејќи Бугарија гласаше за преговарачка рамка во која македонски јазик е чист. Нашата унилатерална позиција е дел од тој француски предлог, претходно и португалски и германски, за да се претстави нашата позиција по однос на јазикот“, рече Османи.

Според министерот, нашата изјава е во согласност со Уставот, како и со резолуцијата и заклучоците од Собранието.

„Ако имате предвид дека во тие предлози од германскиот требаше да има само две реченици дека е официјален јазик на Северна Македонија кодифициран 1945 година, ние успеавме да имаме опис кој е согласно нашиот Устав, резолуцијата на Собранието од 2021 година и заклучоците на Собранието од минатата недела. Притоа, тоа не е историски текст во кој хронолошки се опишуваат сите аспекти од развојот на јазикот, но најважните елементи од Уставот, резолуцијата и заклучоците се вметнати во однос на тој текст“, појасни Османи.

Министерот ги спомена и коментарите дека изјавата не била лекторирана и нагласи дека и Македонија и Бугарија до Брисел изјавите ги доставиле на англиски јазик, додека тоа што беше објавено е само превод на македонски.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: Ние не одбројуваме денови, туку ЕУ

Доколку се има политичка волја, има доволна…

Османи утре во официјална посета на Република…

Министерот за надворешни работи на Република С.…

Османи во Украина: Тоа што го видов…

Во однос на работната посета во Украина,…

Средба на министерката за надворешни на Германија…

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на…

Османи јавно да ги објави македонските одговори…

Пратеникот и претседател на собраниската Комисија за…