Османи: За Договорот со Бугарија референдум ниту треба ниту смее да има
Не може и не смее да има референдум за Договорот за добрососедство со Бугарија, бидејќи заедно со Преспанскиот и Охридскиот договор се столбовите на евро-атланска Македонија- ова е ставот на министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Сепак, оценува дека со тоа што опозициските партии го оспоруваат договорот, значи дека уставните измени не им се проблем, бидејќи тоа прашање воопшто не е дел од него. Вметнувањето на Бугарите во Уставот добива се поголема поддршка од јавноста, а пратениците треба тоа да го спроведат бидејќи немаат аргументи против, вели Османи.
-Да си гласаат — имаше вчера јасно објаснување дека меѓународните договори не можат со еднострана одлука да се поништат, трето – еднонационални референдуми за стратешки прашања на државата се опасен преседан за Република Македонија и тие не смеат да се случат.- – Бујар Османи – министер за надворешни работи.
По најавата дека и Левица ќе поднесе нова инцијатива за референдум, Османи со обвинување дека партијата на Апасиев одработува за руски интереси со обид да ги нарушат евроинтеграциите на Македонија.
-Јас сум ограничен да коментирам од МНР, но за Левица имам свој став дека тие не се македонска партија туку дека се партија во функција на руската пропаганда за да го свртат македонскиот народ против Европската Унија и САД.- – Бујар Османи – министер за надворешни работи.
Шефот на дипломатијата рече дека граѓаните не треба да паднат на пропаганда која, како што вели, стимулирана и финансирана од зли намери кон сопствениот народ и државата. Сепак, Османи додава дека освен внатрешните анализи, за Македонија нема потврдена информација од Стејт департментот дека има обиди за руско влијание преку политички партии, како што веќе соопштија за други земји, меѓу кои се најдоа и Албанија, Црна Гора и БиХ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американски војник и продал на Кина тајни…
Американски воен аналитичар се изјасни за виновен…
Германија издаде потерницаг: Украинскиот нуркач Володимир З.…
Германските власти го идентификуваа осомничениот за диверзијата…
Конфликт во израелското раководство: Галант рече дека…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот го…
(Фото) Сиљановска Давкова го предаде државното знаме…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими…
СО „МЕРЦЕДЕСИ“ АМА БЕЗ ЛИЦЕНЦА ПРЕВЕЗУВАЛЕ ПАТНИЦИ:…
Двајца возачи од Струмичко се фатени како…