Османи: Местото на Македонија е во ЕУ ама мора да бидеме свесни и за проблемите на Унијата со Украина

t

Определбата на Македонија за членството во ЕУ е конзистентна и постојана. Новиот геополитички контекст по руската агресија во Украина само ги потврди нашите континуирани аргументи дека прашањето за проширувањето е пред се безбедносно прашање за регионот, порача министерот за надворешни работи, Бујар Османи по средбата со сојузна министерка за ЕУ и уставни прашања на Република Австрија, Каролине Едштадлер, во одговор на прашање.

Според министерот, определбата на земјава за членство во ЕУ е конзистента, пред се затоа што државата е георгафски, културно и историски дел од Европа и оттука припаѓа и на Европската Унија.

-Потребата за консолидација на Европската Унија со овој дел од Европа кој е опкружен со земји членки, а не е дел од Европската Унија е исклучително важно за самата Европска Унија. Оттука, ние сметаме дека членството на регионот, но на Северна Македонија пред се, е од додадена безбедносна, политичка и економска вредност за самата ЕУ, рече Османи.

Тој напомена дека во овие моменти треба да бидеме сензитивни, затоа што пред се украинските цивили страдаат од агресијата која што се случува, и тоа го има приоритетот на нашето, па и на светското внимание.

-Меѓутоа, мора да се грижиме и за вулнерабилните точки на континентот како што е Западниот Блакан. Сметам дека не се менува интензитетот на нашата желба за членство во ЕУ, но свесноста верувам на соседите па и на земјите членки дека ова е важно не само за нас, туку е важно и за Европската Унија од безбедносен, политички и економски аспект, рече Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коцарев: Да се соочиме со реалноста дека…

Треба да се соочиме со реалноста дека…

Една битка добиена: Стразбур ги отфрли амандманите…

Амандманите на бугарските пратеници Александар Јорданов и…

Добро утро со Инфомакс: Те барам во…

Можеби не сме многу на број, не…

Ковачевски и Ердоган разговараа за економската соработка…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна и…

Република Македонија протера Албанец! Ова се деталите

На 05.10.2022 на ул„Маршал Тито“ во Кичево,…