Османи на вонредениот состанок на НАТО за Русија и Украина

t

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска учествуваше на вонредниот состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи, што се одржа преку видео – конференциска врска. Состанокот беше посветен на руското воено групирање околу границата со Украина, како и на други прашања поврзани со европската безбедност.

Вонредниот состанок се одржа во пресрет на закажаниот НАТО-Русија совет и другите состаноци во различни формати, со цел деескалација на кризата и изнаоѓање решение преку не-воени, првенствено дипломатски начини на комуникација.


Министерот Османи ја повтори и поддршката на Македонија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и изрази очекување за мирно решавање на ситуацијата во и околу оваа земја. Ја подвлече важноста на единството и кохезијата меѓу сојузниците, како силна алатка за зачувување на мирот и стабилноста, но и на блиската соработка со ЕУ и другите земји партнери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се огласи руската амбасада во САД: Институциите…

Руската амбасада во Соединетите Американски Држави ги…

Официјално: Војници постари од 40 години ќе…

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој им…

Путин: Доаѓаат лоши денови за странските агенти…

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија,…

(Видео) Украина во паника: Русија го употреби…

Русите ги засилија нападите врз Донбас бидејќи по секоја…

Досегашната штета во Украина е проценета на…

Штетата што Украина ја претрпе досега поради…