Османи на средба со Чавушоглу во Анталија

t

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, на маргините на Анталија дипломатскиот форум, кој се одржува во Анталија, Турција.

Како што соопшти МНР, министрите се согласија дека двете земји негуваат долго и блиско пријателство, а оваа година кога се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, јубилејот дава можност да се погледне наназад и да се сумираат досегашните резултати.


На средбата стана збор и за руско-украинскиот конфликт при што Османи посочи дека високо ги цени напорите на министерот Чавушоглу во посредувањето меѓу овие две земји за да се изнајде решение за воената криза. Како НАТО сојузници ние сме силни, одлучни и обединети околу ова прашање, заклучија двајцата министри.

-Од најголема важност е да запрат страдањата на луѓето во Украина. Како членка на Тројката на ОБСЕ, ние сме подготвени да придонесеме на кој било начин за да помогнеме, истакна Османи.

На средбата, особено внимание беше посветено на исклучително добрата економска соработка меѓу двете земји, при што министрите се обврзаа на активности кои ќе придонесат кон продлабочување на деловните и трговски врски, а Турција како еден од најголемите странски инвеститори во земјата е од посебен наш интерес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полскиот премиер бара Норвешка да го дели…

Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, говорејќи на младински…

(ФОТО) Морничаво: Ова е момчето кое направи…

18-годишен маж отвори оган во основно училиште…

Алијанса за Албанците: ДУИ ги направи албанските…

Синоќешниот инцидент во Чаир во којшто учествуваа…

Македонците од Албанија го одбележаа 24 Мај…

Етничките Македонци од Пустец и Албанија денеска…

Руска веб-страница: Елитата е разочарана од Путин…

Медуза, независната руска веб-страница за вести, објави…