Османи: Нема да се бара преименување и клубот “Иван Михајлов” не е говор на омраза според Протоколот

t

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, дали називот на културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола, кој предизвикува негативни чувства кај Македонците, може да биде доведен во контекст на говор на омраза, тој рече дека тоа не е така, туку дека единствено станува збор за историска интерпретација.

Според шефот на македонската дипломатија, клубот нема да биде третиран според барањата во Протоколот за промена на натписите на спомениците и останатите објекти, како и деловите од учебниците, кои будат негативни чувства во Бугарија.

– Тоа би било погрешен пристап, затоа што различните историски интерпретации не смееме да ги ставиме под „говор на омраза“. Под говор на омраза, јасно кажува нашето законодавство што е – омаловажување поради карактеристики на човек и припадност во група и мислам дека ако го прошириме тоа во историските интерпретации, тогаш мислам дека отвораме поле на нови ризици, рече Османи.

Според министерот, говорот на омраза е насочен кон граѓаните од соседните држави во голема мерка и дека двете влади на Македонија и Бугарија, како што вели тој, ќе мора да кажат „стоп“ на таквиот негативен тренд.

Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: Ние не одбројуваме денови, туку ЕУ

Доколку се има политичка волја, има доволна…

Османи утре во официјална посета на Република…

Министерот за надворешни работи на Република С.…

Османи во Украина: Тоа што го видов…

Во однос на работната посета во Украина,…

Средба на министерката за надворешни на Германија…

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на…

Османи јавно да ги објави македонските одговори…

Пратеникот и претседател на собраниската Комисија за…