Османи разговараше со Блинкен и Шоле: САД со силна поддршка за членство на Македонија во ЕУ

На маргини на НАТО Министерскиот состанок, во Брисел, министерот за надворешни работи, Бујар Османи разговараше со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен и советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле., информираат од МНР.
Во фокусот на разговорите беше соработката и активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, регионалните актуелности, поддршката за постигнатиот договор меѓу Косово и Србија, како и политичките состојби во земјава.
Шоле и Блинкен изразија силна поддршка за евроинтегративниот процес на Македонија што е споделен стратешки интерес на Македонија и САД и влог во целокупната регионална стабилност.
Министерот Османи денес ја продолжува посетата на НАТО во Брисел, втор ден од НАТО министерскиот состанок со средби со негови хомолози.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протекоа информации за тоа што им кажал…
Борбите не можат да траат со месеци,…
Блинкен ќе ја истакне лидерската улога на…
Државниот секретар на САД Ентони Блинкен ќе…
Блинкен призна за несогласувањата во Стејт департментот…
Државниот секретар Антони Блинкен призна дека постојат…
Блинкен вети дека американската поддршка за Украина…
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и вети…
Османи не го потврди доаѓањето на Лавров…
Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на…