Османи се сретна со Кулеба: Уште еднаш ја осуди руската инвазија на Украина

t

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, на маргините на неформалниот НАТО Министерски состанок во Берлин.

Во фокусот на разговорите беа европските перспективи на двете држави, особено од аспект на импликациите на војната во Украина за безбедноста и стабилноста на европскиот континент и пошироко.

„Европа и светот се соочени со исклучителни надворешно-политички и безбедносни предизвици од геополитички аспект и наједноставниот пат за демонстрирање на стратешкото лидерство на Европската унија и нејзиниот кредибилитет е преку ефектуирање на одлуката за почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија“, заклучи Османи.

На средбата стана збор и околу актуелните состојби во Украина, при што министерот Османи и во оваа прилика најостро ја осуди воената инвазија на Русија врз Украина, особено бруталните убиства на цивили, нагласувајќи дека Македонија, како членка на НАТО Алијансата и кредибилен кандидат за членство во ЕУ има преземено низа чекори и мерки како одговор на руските воени дејствија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: Ние не одбројуваме денови, туку ЕУ

Доколку се има политичка волја, има доволна…

Османи утре во официјална посета на Република…

Министерот за надворешни работи на Република С.…

Османи во Украина: Тоа што го видов…

Во однос на работната посета во Украина,…

Кулеба: Добиваме повеќе оружје и друга помош!

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба…

Средба на министерката за надворешни на Германија…

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на…