Османи тврди: Билатералните и историски прашања нема да бидат пречка за процесот со Бугарија да оди напред

t

Околу билатералните прашања нема да се дозволи да има посебно поглавје, вели шефот на дипломатијата Бујар Османи. Тој во интервју за Телма рече и дека историските прашања нема да бидат критериум за придвижување на процесот, но и оти основа за решение на спорот со Софија останува португалскиот предлог.

„Мене ми е најважно да се утврди дали има политичка волја пред да пристапиме кон конкретни прашања, конкретните решенија и документи. Засега не гледаме политичка волја во Софија. Во моментот кога ќе видиме сигнал дека таму има политичка волја тогаш ќе влеземе и во тие разговори како понатаму во однос на конкретните предлози“, вели Османи.

Запрашан дали МНР ќе бара од Законодавниот дом да одлучи дали да се продолжи процесот, Османи рече дека рамките на македонската поизција ги исцртува веќе изгласаната Декларација во Собранието.

„Мислам дека Собранието има изгласано Декларација која ги исцртува рамките на нашата позиција. Доколку би се излегло од тие рамки се разбира дека би барале амин од Собранието. Сѐ додека сметаме дека сме во рамки на декларацијата, мислиме дека имаме мандат да продолжиме да разговараме“, изјави Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ванковска: Технички секретар во АЕК со завршено…

На огласот за работна позиција технички секретар…

Големо намалување на горивата, ова се новите…

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги…

И бурекот ќе стане луксуз: Една четвртина…

И лебот станува луксуз за граѓаните. Во…

За влез во државата се чека околу…

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…

(Фото) Удрен велосипедист во центарот на Скопје

Во овој момент во центарот на Скопје…