Османи: Украина не е сама – Проширувањето на ЕУ да се забрза во име на безбедноста

t

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој денеска учествува на вонредниот министерски состанок на НАТО, пред почетокот на состанок ја изрази поддршката на Северна Македонија на Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.

Втората главна порака на шефот на македонската дипломатија утрово од НАТО беше дека проширувањето на ЕУ сега станува витално прашање од безбедносна гледна точка со оглед на руските напади на истокот.


-ЕУ треба да го забрза проширувањето кон Истокот, рече Бујар Османи, алудирајќи на блокадата за Северна Македонија и Албанија, во контекст и на барањето за членство на Украина, Молдавија и Грузија.

Оваа криза, рече тој, покажа дека политиката на проширување е безбедносно прашање.

Запрашан за аспирациите на Украина да стане членка на НАТО, срж на конфликтот со Русија, министерот за надворешни работи истакна дека токму политиката на отворени врати на Алијансата значи стабилизација.

-На Западниот Балкан, НАТО членството беше најважната одлука која го стабилизираше, тоа е најважниот фактор во стабилизацијата на регионот, одговори Османи.

Северна Македонија, преку шефот на дипломатијата утрово изрази восхит и поддршка за храброста и одлучноста на Украина да постигне мирно решение и Северна Македонија е подготвена да даде поддршка за бегалците од ова воено жариште.

-Украина не е сама, им порача Османи на Украинците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија се пишмани: Ќе ја разгледува опцијата…

Бугарија планира да разговара за исплатите на…

ССМ најави масовни протести од утре: Не…

За време на протестите од 1-ви Мај,…

Русите го деминираа Мариупол: Животот се враќа…

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека…

(Видео) Поранешен јапонски премиер: Америка покажа дека…

Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе денеска изјави…

Пендаровски: Ако Путин некако успее да победи…

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на годишниот…