Османи: Уште осум граѓани бараат да бидат евакуирани од Украина

t

Уште осум граѓани од кои четворица наши, а четворица украински државјани, но во роднинска врска со нашите, бараат да бидат евакуирани од Украина, информира денеска на редовниот брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Од 120-те мапирани и контактирани наши граѓани, околу 80 проценти се веќе евакуирани, останати се осум граѓани коишто бараат евакуација, а се се уште во Украина. Од нив четворица се наши државјани, четворица се украински државјани, но во роднинска врска со нашите. Има и други наши граѓани околу 20, но тие не бараат евакуација, посочи Османи.

Додаде дека се обидуваат да ги евакуираат овие осум граѓани, а за останатите 20, како што рече, нема да прават напори да ги евакуираат се додека не добијат барање од нив дека сакаат да бидат евакуирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечно нешто нормално: Се подготвува нов Закон…

Законот за македонски јазик е веќе готов,…

Добро утро со Инфомакс: Не можете вие…

На денешен ден во 2018 година во…

Денеска се празнува Светиот Апостол Филип

Еден од дванаесетте апостоли. Роден е во…

Метео: Студено со врнежи од дожд и…

Времето ќе биде претежно облачно и студено…

(ФОТО) Зошто германските репрезентативци си ги покрија…

Седум европски држави – Англија, Велс, Белгија,…