Осми Мундијал за Македонија: Најдобри во Катар, најлоши во Египет
Македонската репрезентација пред почеток е на своето осмо Светско првенство во историјата, второ кое ќе брои 32 репрезентации. Низ историјата Македонија била дел од седум Мундијали. Првото учество го имавме во далечната 1999 година, кога го остваривме и вториот најлош пласман, заземајќи го осумнаесеттото место. Пред две години исто така на египетско тло бевме 23-ти од 34 селекции.
По нашето деби следуваше пауза од четири првенства и повторно појавување на светската ракометна сцена десет години подоцна. Во Хрватска остваривме и најголем број победи (5), но тие беа доволни за пласман на единаесеттата позиција. По отсуството во Шведска 2011 година, македонските репрезентативци врзаа пет учества во низа, вклучувајќи го и овогодишното.
Најдобар пласман беше оној од Катар 2015 година (деветто место), каде во групната фаза бевме одлични со четири победи и само еден пораз. Сепак, Словенија ни застана на патот во првата нокаут фаза и не исфрли од турнирот.
Селекторот Кирил Лазаров одлучи во Краков да патува со двајца голмани, Никола Митревски и Мартин Томовски, Кизиќ отпадна од составот. Селекторот не се откажа од ниту еден од пикерите, па на оваа позиција на располагање ќе има дури четворица играчи. Колку може ова Македонија ќе видиме уште утревечер на дебито против Норвешка.
Најдобрите три селекции од групата продолжуваат во главната групна фаза.
Извор: gol.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родители на починатите во пожарот во Кочани…
Родители на починатите во пожарот во клубот…
(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…
Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…