Објавено на:

Осомничени се осум лица за убиствата на британскиот новинар Дом Филипс и експертот за Бразил, Бруно Переира

t

Осомничени се осум лица за убиствата на британскиот новинар Дом Филипс и експертот за Бразил, Бруно Переира, соопшти бразилската полиција.

Претходно, уапсени се три лица, но сега идентификувани се уште петмина кои, наводно, помогнале при сокривање на телата, јави Би-би-си.

Филипс и Переира исчезнаа на 5 јуни за време на службено патување во оддалечената долина Јавари. Нивните тела идентификувани се во петокот, откако наводно, еден од притворените, Амарилдо да Коста де Оливеира, признал дека ги закопал.

Уапсен е и неговиот брат, Осенеј да Коста де Оливеира, кој негира за каква било вмешаност во случајот. Во саботата беше уапсен и осомничениот Џеферсон да Силва Лима, кој прво побегна, но, подоцна ѝ се предаде на полицијата.

За новите петмина осомничени, засега нема детали.

Во Филипс и Переира е пукано од ловечка пушка. Во новинарот еднаш, а во бразилскиот експерт трипати.

Филипс пишувал за Гардијан, а отишол во Бразил да истражува за книга за регионот на Амазон.

Регионот на долината Јавари, каде двајцата патувале, е дом на илјадници домородни луѓе од повеќе од 20 групи што живеат изолирано од надворешниот свет. Подрачјето е познато по нелегалниот риболов, рударството, сечењето дрва и трговијата со дрога.

Се тврди дека таму се случуваат насилни конфликти меѓу различни криминални групи, владини агенти и автохтоно население, а наводно, документирани се од Филипс и Переира.

Активисти информираа за смртни закани кон Переира, што тој ги добил пред да замине на пат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бразил и Шпанија регистрираа први случаи на…

Први смртни случаи од мајмунски сипаници регистрирани…

Захарова: Нека побараат од Украина да им…

Британските власти треба да бараат од украинската…

Светските лидери се соочуваат со кризи на…

Каква разлика прави една година. Огромните предизвици,…

Нов „шамар“ за Џонсон: Конзервативците загубија на…

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон беше…

Путин на БРИКС: „Бараме излез од кризата…

Владимир Путин во својот говорна 14-тиот самит…