Објавено на:

Остра реакција на еврејската заедница во Македонија за името „Ванчо Михајлов“

t

Реакција по повод отворањето на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Еврејската зедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија се згрозени и навредени од името на новиот културен дом во Битола, кој носи име на потврден фашист и близок соработник со нацистите. На 16.04.2022 година, Шабат и прв ден Песах, ден кога Евреите од целиот свет го слават празникот за ослободување од египетско ропство, највисоките бугарски претставници на власта – премиерот Кирил Петков, потпретседателот на државата Илијана Јотова, министерот за надворешни работи Теодора Генчовска, поранешниот министер за надворешни работи Захариева, и други, официјално го отворија бугарскиот културен центар “Ванчо Михајлов“ по името на докажан фашист, соработник на Павелиќ, Мусолини и Адолф Хитлер. Овој чин претставува навреда за Евреите и е закана за човековите слободи и права, кршење на демократскиот карактер и вредностите на модерна Европа. Чин со којшто се загрозува мултикултурализмот. Класичен пример за непочитување и искривување на историјата. Еклатантен обид во таканаречената „заедничка историја“ на која инсистира Бугарија, таа да се претстави како ослободител, а не како фашистички окупатор кој во центарот за убивање Треблинка депортира 7.144 македонски Евреи или 98% од еврејската популација во тоа време. Обид да се минимизира улогата на Р. Бугарија во холокаустот и окупацијата на Македонија. Искривување на фактите од европската и светска историја за Втората светска војна. Чин којшто не е во духот на добрососедските односи помеѓу Македонија и Бугарија. Ние, наследниците на преживеаните од холокаустот нема да ги премолчуваме ваквите појави и бараме итно и неодложно: – Во Собранието да се донесат измените на кривичниот закон, иницирани од Еврејската заедница во 2017 година, со кои ширењето на антисемитизмот, негирањето и искривувањето на холокаустот, глорификација на фашизмот и нацизмот, како и употреба на нивните симболи и поздрави да бидат казниви со закон; – Да се поведе постапка околу правната издржаност културни и други центри, граѓански здруженија итн. да носат имиња по потврдени фашисти и докажани соработници на нацистите; – Владата на Р. Бугарија да се извини за злосторствата и холокаустот направени од нивните претходници за време на Втората светска војна; – Европската Унија и Европскиот парламент да го осудат ваквото поведение на Р. Бугарија. Ние, Евреите од Република Македонија, како и бројни македонски граѓани , имаме многу пријатели од Р. Бугарија, со којашто сакаме како соседи да живееме во мир и благосостојба. Фашистичкото минато на Бугарија под водство на цар Борис III и останатите докажани нацисти од врвот на власта на Царска Бугарија во Втората светска војна не смеат да претставуваат пречка во градењето добрососедски односи втемелени на взаемна почит, пријателство и доверба. Денешницата не смее да биде жртва на историјата, како што и иднината не смее да биде жртва на вистината.


Еврејска заедница во Македонија

Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Паника во Србија, стигна заканувачко писмо: Водата…

Ново заканувачко писмо: Ги здруживме силите со…

Официјално: Финска и Шведска одредија датум за…

МНР на Финска: Потпишано барањето за влез…

Утврдена делегацијата за стратешки дијалог со САД:…

Владата на Република Македонија на денешната 45-та…

Хаос во Приштина: Дојава за бомба во…

Дојави за бомба во зградата на Ректоратот…

Русија, Србија, Грција, Бугарија со различни желби:…

Твитерџијата "Демир" ги објави желбите и ставовите…