Осудените од „Диво Насеље“ штрајкуваат со глад – Спасовски: Треба да провериме дали исполнуваат услови

Осудените лица од предметот „Диво Насеље“ штрајкуваат со глад.
Оваа одлука е донесена откако им било скратено правото на семејни посети и одење дома за време на викендите.
Директорот на Управа за извршување на санкции Марјан Спасовски денеска на прес конференција истакна дека мора да се направи јасна дистинкција меѓу право и погодност.
„Сите права на осудени лица од КПУ Затвор Скопје, како и во други казнено поправни установи или домови, им се дозволени. Што се однесува до погодностите, треба да извршам увид во нивните лични досиеа за тоа дали исполнуваат услови, и доколку исполнуваат да видиме како ќе следи нивниот процес на ресоцијализација и дали користат одреден вид погодности“, вели Спасовски.
Според него, овие осудени лица се во овој затвор бидејќи само таму има одделение за лица со висок безбедносен ризик бидејќи станува збор за установа од полу-отворен тип.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Американски топ дипломат го уништи Христијан…
Заменикот на државниот секретар на САД, О'Брајан…
Дачиќ на средби со Лавров, Шаленберг, Сијарто…
На маргините на 30. Министерски совет на…
ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ЕВРОПОЛ: Над 500 лица…
Европол уапси 566 лица и заплени над…
Републиканците најавија гласање на импичмент за Бајден
Републиканците во Претставничкиот дом на САД во…
Јакимовски за тушот од О’Брајан за Мицкоски:…
Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, на Фејсбук…