Отворен ден во прифатилиштето за бездомни кучиња на ЈП „Лајка“

Поради големиот интерес и желба на граѓаните да волонтираат и да се дружат со кучињата што се згрижени во прифатилиштето за бездомни кучиња, ЈП „Лајка“, утре (14 мај), организира отворен ден од 11 до 15 часот.
„На овој отворен ден пријавените волонтери ќе имаат можност во паркот на милениците да се дружат, односно да си играат, хранат, бањаат и да ги чешлаат кучињата од ‘Лајка’“, велат од јавното претпријатие, од каде ги покануваат граѓаните што планираат или размислуваат да удомат куче, својот миленик да го изберат од нивното прифатилиште.
На отворениот ден посетителите и потенцијални удомувачи на куче ќе имаат можност да се запознаат подобро со кучињата за кои се заинтересирани и да ги добијат сите детаљни информации и одговори на нивните прашања.
Од „Лајка“ најавуваат дека отворените денови планираат да ги организираат еднаш месечно со цел да ги доближат граѓаните до нивната работа, а истовремено да ги поттикнат сите оние што сакаат да удомат бездомно куче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Милошоски: Министерот за правда Филков има слаби…
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вечерва истакна…
Вучиќ: Одиме кон воен сојуз со Унгарија
Претседателот на Србија Александар Вучиќ по средбата…
Трагично загина руски политичар, проверувал дали пиштолот…
46-годишниот Павел Избрехт, извршен директор на фабрика…
„Тетово сака парк“: Државно земјиште е продадено…
Иницијативата „Тетово сака парк” потсетува дека нејзините…
Цуцуловски за случајот со обезбедувањето на Мицкоски:…
*Објава на Фејсбук на професорот Љубомир Цуцуловски:…