Отворен првиот мост меѓу Русија и Кина

Првиот патен мост меѓу Русија и Кина, преку реката Амур, долг 1.080 метри, е отворен во градот Благовешченск во руската област Амур.
Овој меѓународен патен мост го поврзува Благовешченск со градот Хеихе во Кина. Церемонијата се одржа преку телеконференција од студија во Москва, Владивосток, Пекинг, локации во Благовешченск и Хеихе, а гувернерите на регионот Амур и кинеската провинција Хеилонгјанг Хуа Чангшенг беа на спротивните брегови.
Изградбата на граничниот премин Благовешченск-Хеихе преку реката Амур започна во декември 2016 година во областа Благовешченск во регионот Амур и се изведуваше истовремено на двата брега.
Мостот беше планирано да биде отворен во ноември 2020 година, но поради тешката епидемиолошка состојба, пуштањето во употреба на објектот беше одложено.
Изградбата на мостот чинела 19 милијарди рубљи или околу 320 милиони долари. Должината на мостот е 1.080 метри, а според проектот секојдневно преку него ќе можат да поминуваат 630 камиони, 164 автобуси и 68 автомобили.
– Отворањето на првиот автомобилски мост на реката Амур меѓу Русија и Кина и започнувањето на товарниот сообраќај ќе ја зголеми трговската размена меѓу двете земји на околу 200 милијарди долари – изјави денеска рускиот амбасадор во Пекинг Андреј Денисов.
– Русија и Кина буквално градат мостови, не ги уништуваат – рече Денисов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин бара од Украинците да земат руско…
Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши…
Вулин: Руските разузнавачки служби ни помогнаа против…
Српскиот вицепремиер Александар Вулин рече дека руските…
Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…
Макрон ја повика Русија да го прифати…
Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика Русија…
Руте повика на нормализација на односите со…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска…