Отец Ивица: Нашата црква долги години имаше канонски проблем кој оневозможуваше единство

t

Во вечерашната епизода на “Тешки муабети” гостуваше Отец Ивица кој изјави дека нашата црвква долги години имала канонски проблем, кој оневозможувл единство со другите канонски цркви.

“Нашата Православна црква односно Македонската православна црква Охридска архиепископија, од 1967 година па навака имаше канонски проблем кој оневозможуваше да има евхаристиско единство со останатите канонски Православни цркви во целиот свет. Ние од 1967 година бевме во еден тип на изолација. Ние имавме контакт со останатите помесни православни цркви, но сепак тој контакт во себе ја немааше онаа полнота на канонско единство, на евхаристиско, литургиско единство. Неможеше подобро да се реши проблемот со статусот на нашата црква, отколку што се реши сега. Крајно братски, крајно љубовно, крајно христијански и без политичка приказна. Процесот од српска страна воден од патријархот кулминираше со таа заедничка литургија што беше во Белград, каде се објави на сите помесни правлославни цркви дека Македонската православна црква го прифаќа тоа единство со српската православна црква.” – изјави тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски и државно-црковната делегација пристигнаа во “Св.…

Државно-црковната делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски денеска пристигна…

Заедничка литургија на МПЦ и СПЦ утре…

Во манастирот „Св. Прохор Пчински", покрај одбележувањето…

Утре е Огнена Марија: Овие работи не…

Православните верници, утре го одбележуваат празникот на…

Календар на МПЦ: Денес се празнува Свети…

На крштението наречен Василиј. Син на кнезот…

Календар на МПЦ: Денес се празнува Светиот…

Еден од седумдесетте апостоли. Како Евреин живееше…