Откриена лабораторија за производство на марихуана во Гевгелија

t

При претрес во куќа во Гевгелија е откриена импровизирана лабораторија за производство на марихуана, а на осомниченото лице за активностите му е определен 30-дневен притвор.

Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека Основното јавно обвинителство Гевгелија донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомнеж за извршено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик“.


-При претрес на домот на осомничениот, во една од собите на семејната куќа на улица „Илинденска“ со Гевгелија, пронајдени се повеќе семки од растението канабис засадени во саксии со хумусна земја. Во периодот од декември 2021 до 25 март 2022 година лицето редовно ги наводнувало и прихранувало со ѓубриво, ги осветлувало со ЛЕД сијалици и ги затоплувало. Кога растенијата дошле во фаза на цветање, ги собирало цветните завршетоци, ги сушело и ги пакувало за продажба, стои во соопштението.

Се дополнува дека при претрес во домот на осомничениот на 25 март биле пронајдени повеќе различни пакувања со поголемо количество марихуана, како и остатоци од исушени листови, цветови и гранки од канабис, но и опрема за одгледување на растението.

-Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство и можност да го повтори делото. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, известуваат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убиен Авганистанец во Гевгелија

МВР информира дека 24-годишен авганистански државјанин бил…

Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога

На 12.05.2022 во 15.15 часот полициски службеници…

Во Скопје секојдневно се апсат млади со…

Секојдневно се апсат лица за марихуана, а…

Спасовски: За 100 дена запленивме повеќе од…

Во рамки на Форумот 100 дена од…

Кривична пријава за кумановец: Произведувал и продавал…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Г.(30)…