Откриени четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација

t

На 19/20.01.2022 од полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, при контрола при влез во државата на четири комбиња за меѓународен превоз на патници, и тоа две „форд“, едно „мерцедес“ и едно „фиат“, од кои три со струмички и едно со скопски регистарски ознаки, управувани од Т.В.(25), П.В.(50), Ч.Т.(28) и М.П.(33), сите од Струмица, било констатирано дека возилата вршат меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Од страна на полициските службеници биле известени инспектори од Одделението за инспекциски надзор на патниот сообраќај во рамки на Државниот инспекторат за транспорт при Министерство за транспорт и врски и се преземаат мерки за комплетно расчистување на случаите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР ги демантира “лагите на синдикатот”: Инвестирани…

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира…

Биди хуман, донирај униформа: Независниот полициски синдикат…

Независниот полициски синдикат започнува акција за донирање…

Засилена полициска акција: За брзо возење казнети…

Во текот на вчерашниот ден (05.09.2022) Министерството…

Арачиновец уапсен отакко нападнал полицајци

Полициски службеници на на 03.09.2022 во 23.20…

(Видео) И полицијата помагаше во справување со…

Полицајци во координација со противпожарните служби и…