Објавено на:

Официјален Вашингтон: Македонија што побрзо да ги започне преговорите со ЕУ

t

Американската Влада излезе со став во однос на неизвесноста околу започнувањето на преговорите меѓу Македонија и ЕУ за членство во Унијата, по неуспешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел.

За Вашингтон, веродостојноста на перспективата за проширување на ЕУ е животно важна за стабилноста и просперитетот на Западен Балкан.

-Сметаме дека кредибилитетот на перспективата на проширување на ЕУ е од животна важност за стабилноста и просперитеот на Западен Балкан, соопштија денеска за МИА од американскиот Стејт департмент.

САД укажуваат на тоа дека продолжува нивната поддршка за што е можно побрз почеток на пристапните преговори на ЕУ со Македонија и Албанија.

На Самитот Западен Балкан-ЕУ вчера во Брисел, македонскиот премиер Димитар Ковачевски го отфрли таканаречениот „француски предлог“. Денеска бугарскиот парламент усвои предлог француски-предлог со одредени корекции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американска конгресменка: Бајден не треба да се…

Демократската конгресменка Каролин Малони, претседателка на Комисијата…

Се огласија од Белата куќа: Не се…

Белата куќа не се меша во ситуацијата…

“Глобал Тајмс”: Европа нема да ги жртвува…

Европа ги трпи последиците од украинската криза…

Нови провокации: Американски пратеници во посета на…

Делегација американски пратеници денеска пристигна во Тајван,…

Ахмети: За пет години ќе бидеме членка…

Али Ахмети во денешната честита по повод…