Објавено на:

Официјален став на Кремлин: Путин ќе каже кога ќе заврши офанзивата во Украина

t

Рускиот претседател Владимир Путин ги постави целите за воениот напад на земјата против Украина и тој ќе одлучи кога операцијата ќе заврши „врз основа на резултатите и целисходноста“, изјави во четвртокот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Операцијата „има свои цели и тие треба да се постигнат“, рече претставникот, на прашањето од новинарите кога ќе заврши офанзивата.

Во своето обраќање во четвртокот наутро, Путин рече дека им наредил на руските трупи да ја нападнат Украина за да ја демилитаризираат и, како што рече, да ја „денацифицираат“ земјата. Тој тврдеше дека националната безбедност на Русија била загрозена од навлегувањето на НАТО во Украина.

Тој понатаму изјави дека Русија е должна да ги заштити отцепените републики Доњецк и Луганск од континуираните напади на украинските сили. Москва во понеделникот ги призна двата ентитета како суверени држави.

Русија е решена да го „неутрализира [украинскиот] воен потенцијал, кој беше значително зголемен во последно време, вклучително и со активна помош на странски држави“, рече Песков.

Тој додаде дека „идеално“ Украина треба да се „исчисти“ од неонацистичката идеологија.

Песков ја отфрли идејата дека Русија е во процес на окупација на Украина, велејќи дека руската операција има ограничени цели за заштита на Русија и сепаратистичките региони. Тој рече дека иднината на Украина ќе ја одреди украинскиот народ.

Руската војска започна масовен напад против Украина по наредба на Путин веднаш по неговото телевизиско обраќање. Министерството за одбрана соопшти дека цели на елементи на украинската воена инфраструктура и се обидело да избегне цивилни жртви. Повеќе информации од теренот велат дека очигледните руски напади низ Украина предизвикале штета на воените бази, складишта за оружје и некои фабрики за оружје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мециновиќ: Дали енергетскиот систем се води во…

На седницата за пратенички прашања, пратеникот од…

Дурмиши: Немавме инфлација, туку дефлација – Ако…

Овие беа краткорочни решенија за да им…

Поевтинуваат дел од горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Казни и до 2.000 евра доколку се…

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните…

Ѝ кажале дека ќерката прегазила дете –…

На 26.06.2025 во 17.30 часот во СВР…