ОФИЦИЈАЛНО: Владата ги ограничи маржите на основните производи!

t

Владата на Република Македонија на денешната 52 седница донесе Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со која се определува највисоката трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало, соопшти владината прес-служба.

Со оваа одлука, која е донесена по претходна консултација со бизнис заедницата и во координација со надлежните институции и која започнува да се применува од утре, за леб бел-сечен на парчиња или цел, за шеќер бел како и за сончогледово масло за јадење, со исклучок на ладно цеденото, се утврдува трговска маржа во висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало.

За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, за макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз, за трајното кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и за јајца од кокошка, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува трговска маржа во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало.

Според оваа одлука, за овие производи нема да се пресметуваат оперативни трошоци и не се одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови во примарни и секундарни позиции.

Оваа одлука на Владата за замрзнување на маржата на одредени производи со цел ограничување на растот на цените, која има за цел да го заштити стандардот на граѓаните, е со важност до 30 септември 2022 година, со можност да продолжи до крајот на годината доколку условите на пазарот со цените тоа го бара. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Избегнете ги: На овие скопски улици и…

ЦУКС известува дека во овие утрински часови…

Босна ја стигна Македонија, и таа ќе…

Европскиот комесар за соседска политика и преговори…

Рекордно висок бројот на смртни случаи од…

Бројот на смртни случаи од огнено оружје…

Германскиот претседател ќе се сретне со екипата…

Германскиот претседател Франк – Валтер Штајнмајер во…

Внимателно возете, слаб снег провејува на Стража,…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…