Објавено на:

Официјално: Војници постари од 40 години ќе можат да се приклучат на руската армија

t

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој им се дозволува на лица постари од 40 години да се пријават во армијата на Руската Федерација.

Русија ја укина старосната граница за професионалните војници, отворајќи ја можноста за регрутирање повеќе цивилни експерти, вклучително и медицински лица, инженери и специјалисти за воени операции и комуникации за конфликтот во Украина.


Претходно во руската армија можеа да се приклучат руски државјани на возраст од 18 до 40 години и странски државјани на возраст од 18 до 30 години.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу претходно изјави дека регрутите кои ѝ се приклучиле на армијата оваа пролет нема да бидат испратени на ниту едно бојно поле.

Регрутирањето во Русија, кое датира од времето на царството, ги обврзува мажите на возраст од 18 до 27 години да служат војска една година.

Русија сега има повеќе од 400.000 професионални војници во активните вооружени сили, што брои вкупно 900.000 војници и може да мобилизира околу два милиони резервисти, јави Танјуг.

Украинската армија е многу помала се проценува дека има 200.000 активни војници и 900.000 резервисти, иако таа бројка ја зголемила преку масовна мобилизација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште еден трофеј: Руските воздушни сили соборија…

Руските воздушни сили соборија украински авион МиГ-29…

Полски медиум: Калининград можеше да биде наш,…

Полски "Онет": Калининград можеше да биде наш,…

Путин “удри метла”: Големи промени во командата…

Руското Министерство за одбрана соопшти дека раководството на централните…

(Видео) Тешко на Украинците: Русија објави снимки…

Руското Министерство за одбрана објави снимка од…

Да ја прогласат за народен херој: Украинска…

Војниците поставувале мини кога коза, која побегнала…