Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници за обљуба со злоупотреба на положбат.
Осомничениот очув на жртвата подолг временски период ја злоупотребувал својата положба и го наведувал на обљуба и други полови дејствија девојчето родено 2009 година кое му било доверено на чување и воспитување.
Кон дејствијата придонела и мајката на девојчето, која иако знаела, ниту го пријавила, ниту го спречила осомничениот во дејствијата. Со тоа не го заштитила детето од злоупотребите, иако девојчето во повеќе наврати барало помош од неа.
Предметниот јавен обвинител предложи на осомничениот очув да му биде определена мерка притвор, додека за осомничената мајка се предложени мерки на претпазливост. Јавниот обвинител ќе се координира со Центарот за социјални работи за да се преземат дејствија за згрижување на трите малолетни деца во семејството, вклучувајќи ја и жртвата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Очув и мајка осомничени за обљуба на…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
Бекам стана витез: Не можам да опишам…
Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам објави емотивна…
Кипар испрати 940 тони хуманитарна помош за…
Хуманитарна помош од 940 тони што содржи…
Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да…
Сегашната унгарска влада нема да дозволи Украина…
Истрага за возачот што усмрти велосипедист на…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…