ОЈО ГОКК бара притвор за службеник во Маврово и Ростуше кој се сомничи дека земал мито

t

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство загонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице.

Лицето како раководно службено лице од почетокот на годинава во повеќе наврати директно побарал и примил поголема имотна корист за себе и за трети лица за да извршат службено дејствие што морале да го извршат. Осомничениот во два наврати директно побарал од подносителот на барањето паричен износ од 16.000 евра, а потоа износот во понатамошните средби со оштетениот го намалил на 13.000 евра, за да тој и комисијата што одлучувала во управна постапка по барањето за издавање на урбанистички проект постапат по барањето на оштетениот. Дел од парите наводно биле за другите службеници вклучени во управната постапка за да одлучат во побрз рок. Со оглед дека било договорено парите етапно да бидат исплаќани како што ќе се одвива управната постапка, осомничениот за првото дејствие побарал износ од 4.400 евра.

Вчеравечер на договорената средба оштетениот му дал 2000 евра, кои осомничениот ги примил и in flagranti бил фатен од страна на полициските службеници.

Ценејќи дека се исполнети условите за определување на мерка притвор, јавниот обвинител на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје предложи истата да му биде определена на осомничениот во траење од 30 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството отвори истрага за смртта на Ведат:…

Кумановското обвинителство отвори предистражна постапка за случајот…

ОЈО: Предлог за краткотраен притвор за 8…

Јавното обвинителство на Република Македонија сподели најнова…

Утре ќе се избираат 47 обвинители во…

На дневниот ред на 20. седница на…

Истрага за 46-годишен скопјанец, дилер на дрога!

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…

Обвинение за четири лица инволвирани во изведбата…

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство…