Оcмани: Новата Влада ќе го реши спopoт со Бугарија

Прво треба да се формира новата влада во Собранието, па дури потоа ќе следи средба со бугарскиот премиер Кирил Петков. Ова денеска го изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.
– Точно е дека предвидувам интензивирање на комуникацијата уште во првите денови и недели од оваа година. Сепак, треба да се изгласа новата влада во Собранието, за потоа да може формално да се остварат средби на идниот премиер, па и на претставниците на Владата. Меѓутоа, ние во меѓувреме ќе има подготвителни активности – рече Османи.
Прашан за бугарската декларација, тој рече дека тоа е внатрешно прашање на Бугарија.
– Очекуваме конструктивни разговори со новата Влада во Бугарија, враќање на довербата, разговор по однос на суштинските прашања коишто ги имаме на маса и брзо деблокирање на процесот. И тоа е за нас најважно – рече Османи.
Македонија стана дел од триото претседавачи на ОБСЕ, или познато како ОБСЕ тројка, заедно со сега веќе минатогодишниот претседавач Шведска, како и актуелниот претседавач за оваа година Полска. Со тоа и формално започнуваат и обврските на земјава поврзани со претседавањето во 2023 година со најголемата регионална безбедносна организација ОБСЕ, во која членуваат 57 земји, плус 11 медитерански и азиски земји партнери на Организацијата, информираше на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи.
– Со денешниот ден, како прв работен ден во годината, нагласи Османи, го преземаме претседавањето со Групата на медитерански партнери – Алжир, Египет, Израел, Јордан, Мароко и Тунис и притоа како копретседавачи во првата година од нашето учество во тројката ќе ја организираме и Медитеранската конференција меѓу ОБСЕ и земјите медитерански партнери најверојатно во Скопје, а потоа го преземаме и управувањето со донесувањето на буџетот на Организацијата – објасни Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЛАВРОВ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА! Бугарија го отвори…
Бугарија го отвори својот воздушен простор со…
Поради снегот Бугарија прогласи вонредна состојба во…
Две лица загинаа во Бугарија, а едно…
Бугарија ќе испрати 100 оклопни транспортери во…
Бугарскиот парламент го усвои предлог-законот за бесплатна…
Две лица загинаа во несреќи поради силниот…
Две лица загинаа како последица на силниот…
Реми со Бугарија: Српските фудбалери се пласираа…
Српската фудбалска репрезентација следната година ќе игра…