Павел Христов – тивок херој кој четирипати влегол во огнот за да спасува други

Павел Христов, роден во 2004 година, е едно од имињата што засекогаш ќе остане запаметено како вистински херој од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Иако неговото име не беше меѓу првите споменати, ова момче четирипати влегувало во запалениот локал, враќајќи се по своите врсници, за да им помогне да излезат живи.
„Во целиот хаос, не се заштитил себеси. Преовладувала неговата хуманост. Не размислуваше што може да му се случи,“ раскажуваат неговите другари, со глас што трепери од болка и гордост.
Неговата мајка сведочи за несебичноста на Павел и силата на неговиот дух – дух кој одлучил да се бори за другите, дури и кога тоа значело да се жртвува себеси.
Во време на загуба, тага и недоверба, постапките на Павел се светлина што треба да не води. Не барал ништо. Не чекал инструкции. Само реагирал – човечки, храбро, херојски.
Херои ни требаат во оваа држава.
Вечен помен, Павел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…